Yaser Arafat Mohamed Albanna,Hamdi Yıldız
02 Февруари 2020•Ажурирај: 03 Февруари 2020
ГАЗА (АА) - Воените авиони на израелската војска ги бомбардираа зоните во северниот дел на Појасот Газа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите до кои дојде АА во регионот, израелските воени авиони погодиле одредени точки во подрачјето на Бејт Лахија во северниот дел на Газа.
Министерството за здравство во Газа сѐ уште не даде изјава во врска со овој воздушен напад.
Од друга страна, во соопштението на израелската војска се наведува дека воените авиони погодиле позиции на движењето Хамас, и дека овој воздушен напад бил извршен поради ракетите лансирани од Газа кон израелската страна.