Gülşen Topçu
04 Јули 2021•Ажурирај: 05 Јули 2021
ГАЗА (АА) - Израелските авиони извршија серија воздушни напади врз позициите на палестинската група на отпорот Хамас во Појасот Газа, соопшти израелската Армија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Воените авиони со проектили гаѓале две позиции, кои наводно, припаѓале на бригадите „Ал-Касам“, едната на југ, а другата во северниот дел на Газа, објави израелската Армија на Твитер.
Според соопштението, авионите извршиле напад врз фабрика за оружје на Хамас и место за лансирање ракети, како одмазда за запаливите балони испратени од енклавата.
Од палестинското Министерство за здравство нема информации за жртви.
Израелските авиони претходно, во петокот, извршија напад на уште една позиција на бригадите „Ал-Касам“.