Nuri Aydın
04 Јули 2021•Ажурирај: 05 Јули 2021
МАНИЛА (АА) - Филипински воен авион се урна денес на југот на земјата при што загинаа најмалку 17 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за одбрана на Филипините, воениот авион од типот „Ц-130“, со кој се превезувале најмалку 85 лица, се урнал во селото Бангкал во подрачјето на Патикул додека се обидувал да слета на островот Холо во провинцијата Сулу.
Министерот за одбрана, Делфин Лорензана, соопшти дека во несреќата досега се спасени 40 лица, додека загинале 17 лица.
Лорензана информира дека 3 од лицата што се наоѓале во авионот биле пилоти, 5 од нив биле лица од екипажот, додека останатите биле воени службеници.
Началникот на Генералштабот на колумбиската Армија, Кирилито Собејана, нагласи дека тимовите за пребарување и спасување продолжуваат со операциите за спасување на останатите лица.