Rania R.a. Abushamala
19 Јануари 2024•Ажурирај: 21 Јануари 2024
КУДС (АА) - Израелската армија соопшти дека уште еден војник загинал, а тројца се тешко ранети за време на тековните копнени судири во Појасот Газа, со што вкупниот број на загинати израелски војници од 7 октомври се зголеми на 530, пренесува Анадолу.
„Наредникот Ури Герби (20) од бригадата Гивати загина како резултат на сериозни повреди здобиени во судирите во јужниот дел на Појасот Газа во средата“, се вели во соопштението на армијата.
„Тројца војници се сериозно повредени во судирите во централниот и северниот дел на Појасот“, се наведува во соопштението.
Армијата не даде никакви дополнителни информации за судирите во кои се загинати и повредени војниците.
Според податоците објавени на интернет страницата на израелската армија, бројот на загинати израелски војници од почетокот на војната во Појасот Газа на 7 октомври се искачи на 530, од кои 194 загинале во копнените судири што започнаа на 27 октомври.