Ahmed Asmar
10 Јануари 2024•Ажурирај: 11 Јануари 2024
НАБЛУС (АА) - Израелската Армија изврши рација во градот Наблус, кој се наоѓа на Западниот Брег, што предизвика судири со Палестинците, пренесува Анадолу.
Во соопштението на палестинската Црвена полумесечина се вели дека нивните медицински тимови лекувале 13 Палестинци повредени од израелските сили во Наблус.
Во ова соопштение се нагласува дека меѓу повредените има и Палестинци кои биле претепани од израелските војници.
Очевидци за Анадолу изјавија дека израелската Армија се повлекла од Наблус по нејзиниот упад, кој траел неколку часа и предизвика судири со Палестинците во градот.
Меѓу другото, други израелски рации беа пријавени во палестинските области низ Западниот Брег, вклучително и во градовите Рамала, Џенин и Тулкарем, каде што неколку Палестинци беа приведени од израелските сили, според дописникот на Анадолу на терен.
Тензиите се високи низ Западниот Брег откако избија судири во Појасот Газа на 7 октомври меѓу палестинските групи и Израел, при што досега загинаа над 23.000 луѓе во Газа.
Вкупно 341 Палестинец се убиени од страна на израелските сили на Западниот Брег од 7 октомври, а над 3.400 други се повредени, според официјалните податоци на палестинското Министерство за здравство.