Wassim Samih Seifeddine,Abdelali Essaouis
06 Јули 2023•Ажурирај: 06 Јули 2023
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската Армија денес го потврди артилерискиот напад во Либан како одговор на инцидентот со ракетирање, јавува Анадолу.
Израелската Армија соопшти дека ги следела првичните извештаи за експлозијата во близина на пограничното село Гаџар и открила дека е извршено лансирање од либанска територија по што се случила експлозија во непосредна близина на границата на израелска територија.
Израелската Армија на инцидентот одговорила со 15 артилериски стрелби, јави радиото на израелската Армија.
Во меѓувреме, израелската државна телевизија КАН соопшти дека минофрлачка граната била истрелана од областа Кфарчуба во Либан кон Израел и паднала на израелската страна во пограничната област.
Според првичната проценка на Израел, експлозијата била предизвикана од експлодирање на стара нагазна мина.
Локалните извори за Анадолу изјавија дека израелската Армија истрелала најмалку 22 артилериски гранати кон градот Кфарчуба, предизвикувајќи пожар што бил изгаснат од либанските противпожарни екипи.
Нема коментар за инцидентот од групата Хезболах, која има големо присуство во областа.
Во мај 2000 година, израелската Армија го објави своето повлекување од повеќето области на јужен Либан по две децении окупација.
Сепак, таа сè уште окупира мала област позната како Фарми Шеба.