Burak Bir
06 Јули 2023•Ажурирај: 07 Јули 2023
ЛОНДОН (АА) - Девет лица, од кои седум деца, се повредени откако автомобил влета во училиште во Лондон, Велика Британија, јавува Анадолу.
„Полицајците се на местото на инцидентот во основното училиште во Камп Роуд, Вимблдон. Бевме повикани во 9:54 часот, ни беше пријавено дека автомобил влетал во зградата на училиштето“, се наведува во соопштението на полицијата на лондонскиот округ Мертон.
Пожарникарите и брзата помош ги поддржуваат службите за итни состојби во инцидентот што се случи во „Study Preparatory School“.
Возачот бил запрен на местото на настанот, но сѐ уште не е приведен, додаваат од полицијата.
Локалниот совет на Мертон побара од јавноста да го избегнува подрачјето за да дозволи пристап на службите за итни случаи.
„Не го третираме овој инцидент за поврзан со тероризам“, соопшти полицијата одредено време по инцидентот, додавајќи дека истрагата е во тек.