Ahmet Gürhan Kartal
27 Септември 2021•Ажурирај: 28 Септември 2021
ЛОНДОН (АА) - Британскиот премиер Борис Џонсон размислува за помошта од Армијата при испорака на гориво до бензинските пумпи пради недостиг и паничното купување гориво во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Џонсон и министрите ќе се состанат денес за иницирање на „Операцијата Ескалин“, што ќе овласти стотици војници да возат камиони и достават гориво.
Потегот уследи по соопштението на Асоцијацијата на трговци со гориво, во кое се вели дека 50 до 90 отсто од нејзините 5.500 членови пријавиле дека снемуваат гориво.
Државниот секретар за бизнис, Кваси Квартенг, вчера изјави дека Владата го суспендирала Законот за конкуренција во обид да овозможи „споделување информации со цел полесно давање приоритет на испораката на гориво до деловите од земјата и стратешките места каде има најгоема потреба“.
„Иако отсекогаш имало и има големи количини гориво во рафинериите и на терминалите, свесни сме дека има одредени проблеми во синџирот на испорака“, рече Квартенг.
„Тоа е причината за ставање во сила на Дополнителниот протокол за гориво за да се осигураме дека индустријата може да сподели витални информации и да фунционира здружено поефикасно, за да се осигура минимизирање на прекините во синџирот“, додаде тој.
Владата исто така планира да издаде околу 5.000 итни визи за странски возачи на камиони за да се надминат проблемите со испорака во пресрет на празничната сезона.
Паничното купување гориво во земјата трае повеќе од една недела, предизвикувајќи долги редици пред пумпите.