свет

Израелската армија ги предупреди жителите на 4 населби во јужните предградија на Бејрут веднаш да ги напуштат домовите

- Портпаролот на армијата ги повикува жителите на неколку населби во Бејрут да ги напуштат домовите и да се движат кон север или кон исток

Mohammad Sıo  | 05.03.2026 - Обновена : 05.03.2026
Израелската армија ги предупреди жителите на 4 населби во јужните предградија на Бејрут веднаш да ги напуштат домовите

ИСТАНБУЛ (AA) - Израелската армија им нареди на жителите на јужните предградија на Бејрут веднаш да ги напуштат домовите пред новите воздушни напади врз либанската престолнина, јавува Анадолу.

„Жители на јужни предградија на Бејрут, спасете ги своите животи и веднаш напуштете ги домовите“, напиша портпаролот на израелската армија Авичај Адраи на профилот на американската социјална мрежа X.

Адраи посебно ги повика жителите од населбите Бурџ ал-Барајне и Хадат да се движат кон исток, кон планината Либан, преку патот Бејрут–Дамаск.

Жителите на Харет Хреик и Шија беа повикани да се движат кон север, кон Триполи по автопатот Бејрут-Триполи, или кон исток, кон планината Либан, преку експресниот пат Метн.

Израелската армија ги предупреди жителите да не се движат кон југ, наведувајќи дека тоа би можело да ги доведе во опасност.

„Во соодветно време ќе ве известиме кога ќе може да се вратите во домовите“, се додава во соопштението.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.