Muhammed Ali Akman
14 Октомври 2017•Ажурирај: 15 Октомври 2017
БЕЈРУТ (АА) - Цртежите кои ги нацртаа сириски и либански деца во рамките на проект реализиран за сириските бегалци, се изложени во либанскиот главен град Бејрут, јавува Anadolu Agency (AA).
Изложбата која се состои од цртежи подготвени за „Проектот Пеперутка“ поддржан од страна на Министерството за образование на Либан и Советот за развој и реконструкција, е отворена во чаршијата во центарот на градот Бејрут.
На изложбата се наоѓаат голем број рамки и цртежи нацртани од страна на 500 сириски и либански деца кои учат во 22 држави училишта во 11 подрачја на Либан.
Целта на оваа изложба која ги обедини сириските и либанските деца, е да се покаже дека не постои расисам и омраза против сириските бегалци кои засолниште најдоа во Либан.
Децата учесници на проектот поддржан и од страна на Светската банка, направија цртежи на темите како што се „куќата од нивните соништа и куќата во кои живеат, односот меѓу Либан и Сирија“.
Министерот за образование на Либан, Мерван Хаммаде, одржа говор на отварањето на изложбата.
„Како министер либанец сакам да кажам дека оваа изложба направена со вештините на невините деца кои биле насилно истерани од нивната татковина, и се пречекани во Либан, има големо значање“ истакна Хаммаде.
Хаммаде рече дека овие дела не се обични слики, и додаде дека сириските и либанските деца се сретнале, и поминале убаво време благодарение на овој проект.
Истата изложба истовремено е отворена и во главниот град на САД, Вашингтон.
Во рамките на овој проект подготвени се 50 таблоа, од кои 40 се изложени во Бејрут, а 10 во Вашингтон.