свет, Коронавирус

Осуденици во затвор во Либан предизвикаа пожар со барање за општа амнестија

- Осудениците од затворот „Кубе“ во Либан предизвикаа пожар со барање за општа амнестија поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19)

Mahmut Geldi  | 08.04.2020 - Обновена : 09.04.2020
Осуденици во затвор во Либан предизвикаа пожар со барање за општа амнестија

БЕЈРУТ

Осудениците од затворот „Кубе“ во Либан предизвикаа пожар со барање за општа амнестија поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).

Откако се забележани случаи на заразеност со Ковид-19 во земјата, на дневен ред се појави предлог за општа амнестија, но откако Владата не презеде никаков чекор по тоа прашање, затворениците со цел да го привлечат вниманието ги запалија креветите и дел од алиштата во затворските ќелии.

Единиците за Цивилна заштита успеаја да го стават пожарот под контрола, а семејствата на осудениците се собраа пред затворот, извикувајќи слогани. Во тие моменти дојде до тепачка меѓу безбедносните сили и семејствата на затворениците.

Во писменото соопштение што го даде Војската на Либан се вели дека семејствата на осудениците се обиделе да влезат во затворот, при што заедно со други лица фрлале камења врз војниците.

Во соопштението се наведува дека во нападот со камења се повредени 13 војници. Војниците продолжуваат со својата должност во регионот додека не се нормализира ситуацијата.

Министерството за здравство на Либан информираше дека од 21 февруари, кога е забележан првиот случај на заразеност со Ковид-19, па досега се детектирани 548 случаи на заразеност со новиот тип коронавирус. Во оваа земја досега од Ковид-19 починаа 19 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın