Furkan Güldemir
02 Јули 2017•Ажурирај: 03 Јули 2017
БЕЈРУТ (АА) - Според првичните сознанија, четири лица го загубиле својот живот во пожарот кој избувна во кампот во којшто престојуваат претежно Сиријци, а има голем број на повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Кампот се наоѓа во долината Бека во источниот дел на Либан.
Според првичните информации, четворица бегалци загинале во пожарот кој избувна во бегалскиот камп „Каб Илјас“ во долината Бека, за чие избивање причините се сѐ уште непознати, додека голем број бегалци се повредени. Меѓу лицата погодени од пожарот во бегалскиот камп со околу 200 шатори, се наоѓаат и деца.
Сѐ уште нема точна бројка на повредени лица, а постои загриженост поради можноста за зголемување на бројот на загинати. На местото на настанот пристигнаа пожарникари и медицински тимови.
Според либанските власти, бројот на бегалци од сиријско потекло во земјата изнесува околу еден и пол милион. Но, според Обединетите нации (ОН) оваа бројка е околу еден милион.
Според податоците на ОН, околу 34 отсто од бегалците од сиријско потекло во Либан престојуваат во мали кампови во долината Бека, која се наоѓа во источниот дел на земјата. Хуманитарните услови во кампот се лоши и под сите стандарди.