?kipa
02 Јули 2017•Ажурирај: 02 Јули 2017
ДАМАСК/АНКАРА (АА) - Бројот на загинатите во самоубиствениот напад со возило-бомба извршен во главниот град на Сирија, Дамаск, се искачи на 19 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на АА од болнички извори, во утринските часови напаѓачот го детонирал експлозивот во возилото-бомба, во кое се наоѓал и самиот, на плоштадот Тахрир во центарот на градот. Бројот на загинати во нападот порасна на 19 лица, додека 15 се повредени.
Сириската новинска агенција САНА, блиска на режимот, наведува дека три возила-бомби се откриени на патот кон аеродромот, и во квартот Амара, додека напаѓачот во едно од возилата го детонирал експлозивот во моментот кога полицијата го следела.
Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.