Wassim Samih Seifeddine
31 Јули 2024•Ажурирај: 01 Август 2024
БЕЈРУТ (АА) - Бројот на загинати во вчерашниот израелски напад во јужното предградие на Бејрут во Либан се зголеми на четири, а околу 80 лица се повредени, соопшти денес либанското Министерство за здравство, јавува Анадолу.
„Жртви се две жени и две деца“, се вели во соопштението на Министерството.
Либанскиот Црвен крст соопшти дека некои од повредените се во тешка состојба.
Израелската армија потврди дека го гаѓала командантот на Хезболах, Фуад Шукр, кого Тел Авив го обвинува за ракетниот напад во саботата, во кој загинаа 12 лица во Мајдал Шамс во сириската Голанска Висорамнина окупирана од Израел.
Хезболах потврди дека Шукр бил во зградата погодена од Израел вчера, но рече дека неговата судбина е непозната.
Воздушниот напад е втор израелски напад врз јужните предградија на Бејрут од 2 јануари, кога Израел го уби лидерот на Хамас, Салех ал-Арури.
Зголемен е стравот од војна меѓу Израел и Хезболах за време на размената на прекугранични напади меѓу двете страни.
Ескалацијата се случува во период на смртоносни израелски напади врз Газа во кои досега се убиени повеќе од 39.400 Палестинци од 7 октомври минатата година.