Handan Kazancı
31 Јули 2024•Ажурирај: 31 Јули 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Русија ја продолжи забраната за извоз на бензин до крајот на октомври, потврди денес рускиот заменик-министер за енергетика Павел Сорокин, јавува Анадолу.
Одлуката за продолжување на забраната од август до октомври се должи на намерата на Русија да избегне проблеми на пазарот на гориво во наредните месеци, рече Сорокин во обраќањето во Државната дума, Долниот дом на рускиот Парламент.
Но тој додаде дека забраната за дизел-горивото не е на агендата.
Цената на бензинот во Русија се зголеми со нападите со беспилотни летала врз рафинериите за нафта и зголемената побарувачка, особено во земјоделството. За да ги ублажи скоковите на цените, Владата повремено наметнува ограничувања за извоз.
Претходно годинава Русија воведе шестмесечна забрана за извоз на бензин што стапи во сила од 1 март.