Mustafa Deveci
29 Јуни 2021•Ажурирај: 30 Јуни 2021
КУДС (АА) - Израел ќе уништи 800.000 вакцини против коронавирусот, чиј рок на употреба е при крај, доколку ниту една земја не ги купи, објави израелската јавна радиодифузна корпорација (KAN), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Иако КАН не прецизираше од која компанија се вакцините, Тел Авив претходно купи вакцини од Фајзер-БајоНтек.
На 18 јуни, Израел се согласи да испрати најмалку 1 милион вакцини од Фајзер/БајоНтек на палестинските власти во рамките на договорот со кој палестинските власти ќе префрлат еквивалентна количина дози на Израел од нивните купени вакцини на Фајзер, кои треба да стигнат во септември или октомври.
Сепак, палестинските власти се откажаа од договорот, бидејќи се чини дека дозите од Израел истекле и не ги исполниле техничките критериуми на Министерството за здравство.
Според податоците на американскиот Универзитет „Џон Хопкинс“, од декември 2019 година, пандемијата на коронавирусот одзеде над 3,92 милиони животи во 192 земји и региони, со повеќе од 181,3 милиони случаи пријавени низ светот.