Mustafa Deveci
29 Јуни 2021•Ажурирај: 29 Јуни 2021
КУДС (АА) - Министерот за надворешни работи на Израел, Јаир Лапид, реализира официјална посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Лапид во текот на дводневната посета на ОАЕ ќе се состане со министерот за надворешни работи на ОАЕ, Абдулах бин Зајед ал Нахјан.
Во рамките на оваа посета, Лапид официјално ќе ги отвори израелската Амбасада во Абу Даби и израелскиот Конзулат во Дубаи.
Лапид е првиот израелски министер кој го посетува Абу Даби по нормализирањето на односите помеѓу Израел и ОАЕ.
Инаку, двете земји на 15 септември 2020 година во Белата куќа потпишаа договор за нормализирање на односите.