Ekipa
12 Декември 2021•Ажурирај: 12 Декември 2021
КУДС (АА) – Израелските власти денес донесоа одлука семејството на поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху повеќе да не добива безбедносна заштита, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Министерската комисија што го разгледува барањето на Нетанјаху за продолжување на безбедносната заштита за него и неговото семејство за уште шест месеци одлучи утре да го прекине аранжманот“, објави државниот медиум КАН.
Во петокот, Нетанјаху поднесе пријава против, како што наведува, поттикнување насилство против него и неговото семејство.
Минатата недела, поранешниот премиер, сега лидер на опозицијата, изјави дека тој и неговото семејство се можни цели за атентат од Иран и други земји непријателски настроени кон Израел.