Ekipa
12 Декември 2021•Ажурирај: 13 Декември 2021
МАНАМА (АА) - Најголемата римокатоличка црква во Бахреин денес ја одржа својата прва миса, јавува Агенција Анадолија (АА).
Отец Саџи Томас ја водеше мисата во катедралата лоцирана на 20 километри јужно од главниот град Манама.
Црквата, најголема во регионот на Персискиот Залив, беше отворена во четвртокот, а нејзината изградба чинеше над 10 милиони долари.
Според државната новинска агенција, катедралата може да собере до 2.300 луѓе и ќе им служи на 80.000 католички христијани во Бахреин, кои главно се работници од Индија и Филипините.
Инаку, првата римокатоличка црква во подрачјето на Персискиот Залив, „Црквата на Светото срце“, беше отворена во Манама во 1939 година.