Ekipa
12 Декември 2021•Ажурирај: 13 Декември 2021
ТРИПОЛИ (АА) - Над 7.000 руски платеници на руската безбедносна компанија „Вагнер“ сè уште делуваат во Либија, изјави денес шефот на Високиот државен совет на Либија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Преку апликацијата за аудиочет „Клабхаус“ (Clubhouse), Халид ал-Мишри рече дека платениците на компанијата „Вагнер“ се вооружени со различни видови оружје, меѓу кои и со воени авиони.
„Тие имаат 30 борбени авиони во воената база Алгурбабија [во Сирт] и во базата Ал-Џуфра“, рече Ал Мишри. „Русите бараа упориште во Северна Африка и го најдоа во Либија.“
Активни во Либија од 2019 година, платениците на „Вагнер“ се главни поддржувачи на либискиот воен лидер Калифа Хафтар.
Во Либија на 24 декември треба да се одржат претседателски и парламентарни избори според договорот постигнат со посредство на Обединетите нации меѓу либиските политички ривали за време на состаноците во Тунис минатата година.
Либијците се надеваат дека претстојните избори ќе придонесат за ставање крај на вооружениот конфликт што со години ја мачи земјата богата со нафта.