свет

Израел уби над 34.900 Палестинци во досегашните напади на Појасот Газа

- Најмалку 34.904 Палестинци се убиени во тековната израелска офанзива врз Појасот Газа од октомври минатата година, соопшти денес Министерството за здравство во опколената палестинска енклава

Ahmed Asmar  | 09.05.2024 - Обновена : 11.05.2024
Израел уби над 34.900 Палестинци во досегашните напади на Појасот Газа

АНКАРА (АА) 

Најмалку 34.904 Палестинци се убиени во тековната израелска офанзива врз Појасот Газа од октомври минатата година, соопшти денес Министерството за здравство во опколената палестинска енклава, јавува Анадолу.

Во соопштението на Министерството се додава дека 78.514 други лица се повредени во нападот.

„Најмалку 60 луѓе ги загубија животите, а 110 други се повредени во израелските напади во последните 24 часа“, се вели во соопштението.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава во соопштението.

Израелската Армија започна офанзива во вторникот врз јужниот град Рафа, каде што се засолниле околу 1,5 милиони раселени Палестинци, како дел од нејзината смртоносна офанзива на територијата по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Речиси седум месеци по почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа лежат во урнатини, додека 85 отсто од населението на енклавата се внатрешно раселени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın