свет

УНРВА: „Околу 80.000 луѓе побегнаа од Рафа во Газа поради израелскиот напад“

- Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA) објави дека околу 80.000 Палестинци избегале од Рафа од 6 мај и почетокот на израелската офанзива на тој град на југот на Појасот Газа

Ahmed Asmar  | 09.05.2024 - Обновена : 12.05.2024
УНРВА: „Околу 80.000 луѓе побегнаа од Рафа во Газа поради израелскиот напад“ Фото: Џехад Алшрафи

АНКАРА (АА) - Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA) објави дека околу 80.000 Палестинци избегале од Рафа од 6 мај и почетокот на израелската офанзива на тој град на југот на Појасот Газа, јавува Анадолу.

„Луѓето се соочуваат со уште едно принудно раселување во Појасот Газа. Причинетата жртва на овие семејства е неподнослива. Никаде не е безбедно. Итно ни треба прекин на огнот“, се вели во соопштението на УНРВА.

Израелската Армија во вторникот ја презеде контролата врз палестинската страна на граничниот премин Рафа на границата со Египет, витален пат за хуманитарна помош за Газа.

Овој потег следуваше по еден ден откако Армијата нареди евакуација на Палестинците источно од Рафа, потег што нашироко се смета за увертира за израелскиот копнен напад врз градот, во кој живеат околу 1,5 милиони раселени Палестинци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.