свет

Израелската Армија по вторпат изврши воздушен и копнен напад врз населбата Зејтун во Газа

- Израелската Армија изврши втор воздушен и копнен напад врз областа Зејтун во градот Газа во централниот дел на Појасот Газа

Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout, Zeynep Hilal Karyağdı Duran  | 09.05.2024 - Обновена : 10.05.2024
Израелската Армија по вторпат изврши воздушен и копнен напад врз населбата Зејтун во Газа

АЛ-КУДС (ЕРУСАЛИМ) - Израелската Армија изврши втор воздушен и копнен напад врз областа Зејтун во градот Газа во централниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Во соопштението на израелската Армија се вели дека заедно со Агенцијата за внатрешна безбедност Шин-Бет спровеле нова операција за „уништување на вооружени групи“ во Зејтун.

Операцијата започна со нападите на израелските воени авиони, а беа нападнати околу 25 цели како што се „воени згради, тунели и разузнавачки пунктови“.

Од друга страна, очевидци тврдат дека оклопни возила влегле во населбата истовремено со нападите на израелските воени авиони, а цел на нападите биле цивилните населби и патишта.

Во нападите беа убиени и повредени голем број Палестинци, а на стотици беа принудени да ги напуштат населбите Зејтун и Тел ел Хеву.

Израелската Армија претходно спроведе операција во истата област на 21 февруари, кога стотици луѓе беа раселени од огништето.

Израелската Армија во вторникот започна инвазија на источниот дел на Рафа, напаѓајќи и окупирајќи ја палестинската страна на преминот Рафа со Египет, затворајќи ја единствената врска на Газа со надворешниот свет.

Рафа е дом на повеќе од 1,5 милиони раселени Палестинци кои избегаа од војната што ја започна Израел по нападот на Хамас на 7 октомври.

Оттогаш, во израелските напади загинаа повеќе од 34.900 Палестинци, главно жени и деца, во услови на масовното уништување и големиот недостиг на неопходни средства за живот.

Речиси седум месеци по почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа лежат во урнатини, додека 85 отсто од населението на енклавата се внатрешно раселени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın