Almir Terzic
09 Мај 2024•Ажурирај: 09 Мај 2024
ЉУБЉАНА (АА) - Потпретседателката на Владата на Словенија и министерка за надворешни и европски прашања Тања Фајон истакна дека е започнат процесот за признавање на Палестина како држава, што е прв, неповратен чекор, јавува Анадолу.
Владата ја почна процедурата за признавање на Палестина, изјави министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, и најави дека Владата ќе ја прати одлуката до државното Собрание во рок од еден месец, односно до 13 јуни.
Фајон додаде дека ова е прв, неповратен чекор.
Според неофицијални информации, претходно е констатирано дека имало несогласувања меѓу МНР и Кабинетот на премиерот поради најавата на Владата за почеток на процедурите за признавање на Палестина.
Се наведува дека министерката за надворешни работи сака Словенија да ја признае Палестина заедно со Шпанија и Ирска, кои треба да ја признаат Палестина на 21 мај, но тој датум сѐ уште не е сигурен.
Во Кабинетот на словенечкиот премиер неофицијално бараат процесот на словенечко признавање на Палестина да се одвива независно од процесот на признавање на Палестина во Шпанија и Ирска, а во интерес на Словенија би било повеќе земји да ја признаат Палестина.