Израел уби над 100 Палестинци во нападите врз Газа
Медицински извори за Анадолу изјавија дека израелската армија извршила ужасни масакри насочени кон цивили

АНКАРА (АА) - Повеќе од 100 Палестинци се убиени во неколку напади спроведени од израелската армија во северниот дел на Газа, јавува Анадолу.
Медицински извори за Анадолу изјавија дека израелската армија извршила ужасни масакри насочени кон цивили.
Тие пријавија неколку жртви кога израелската армија погодила амбулантно возило во градот Џабалија во Северна Газа, најновиот во низата напади врз медицински лица и здравствени установи.
Дописникot на Анадолу, исто така, јави дека израелската армија нападнала повеќе од 11 населени куќи во Северна Газа.
Израелската армија спроведува брутална офанзива во Појасот Газа од 7 октомври 2023 година, при што досега се убиени околу 53.000 Палестинци, повеќето жени и деца.
Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради својата војна во енклавата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.