Enes Canlı
05 Август 2022•Ажурирај: 06 Август 2022
КУДС (АА) - Израелската војска соопшти дека погодила некои цели во Појасот Газа кој е под блокада, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на кабинетот на портпаролот на израелската војска, „во рамки на операцијата „Зора“, војската ја погодила Газа поради опасностите предизвикани од движењето „Исламски џихад“ во Појасот Газа“.
Во соопштението се вели дека на израелскиот фронт е прогласена „специјална состојба“.
На социјалните мрежи се споделени снимки на кои се забележува чад од погодените цели во Газа.