Mahmoud Barakat
06 Јули 2017•Ажурирај: 07 Јули 2017
ГАЗА (АА) - Израел го намали снабдувањето со електрична енергија до блокираниот Појас Газа од 120 на 55 мегавати, што е намалување за повеќе од 45 отсто, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тековните намалувања на енергијата од страна на Израел создаваат дополнителни тешкотии на веќе напатената популација на Газа, особено во периодот на високите летни температури“, се вели во соопштението на власта.
Се истакнува дека крајбрежната енклава сега добива само 140 мегавати електрична енергија – од Египет и Израел, и од единствената функционална електрана на Газа – од потребните 500 мегавати за задоволување на потребите на 2 милиона жители.
Израел почна да го намалува снабдувањето со електрична енергија на Газа од 19. јуни (потег за кој се вели дека дошол на барање на палестинската управа со седиште во Рамала (ПА).