економија

Во Грција се намалува невработеноста

Според податоците за вработување за април, објавени од страна на Заводот за статистика на Грција (ELSTAT), стапката на невработеност во земјата во април се намалила на 17,6 отсто

Furkan Naci Top  | 11.07.2019 - Обновена : 12.07.2019
Во Грција се намалува невработеноста

АТИНА (АА) - Според податоците за вработување за април, објавени од страна на Заводот за статистика на Грција (ELSTAT), стапката на невработеност во земјата во април се намалила на 17,6 отсто, пренесува Anadolu Agency (АА).

Според сезонско приспособените податоци, во април во Грција имало 833.858 невработени лица.

Стапката на невработеност приспособена на сезонските фактори во април изнесувала 17,6 отсто. Оваа стапка е најниската стапка забележана од јуни 2011 година досега.

На годишна база е забележан значителен пад во невработеноста кај лицата на возрасната група од 15 до 24 години.

Стапката на невработеност кај младите во април минатата година изнесуваше 40,3 отсто, додека оваа стапка во април 2019 година изнесуваше 30,4 отсто.

Невработеноста во април 2018 година во Грција изнесуваше 19,8 отсто.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.