Fuat Kabakcı
20 Јули 2019•Ажурирај: 23 Јули 2019
ПЕКИНГ (АА) – Автомобилската компанија „Guangqi Honda Automobile Co (GAC Group)“, кинескиот партнер на јапонската автомобилска компанија „Хонда“, во Кина, поради дефект во воздушните перничиња, ќе повлече назад 94.680 автомобили, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кинеската агенција за набљудување, следење и контрола на квалитетот соопшти дека кинескиот партнер на јапонската автомобилска компанија „Хонда“, поради дефект во воздушните перничиња, ќе повлече назад 94.680 автомобили.
Процесот на повлекување ќе започне во понеделник и ги вклучува моделите „фит“ („Fit“), „сити“ („City“), „акорд“ („Accord“), „одисеј“ („Odyssey“) и „еверус С1“ („Everus S1“), кои се произведени помеѓу 11 ноември 2002 година и 27 јуни 2015 година и моделот „фит хибрид седан“ („Fit Hybrid Sedan“), кој е увезен помеѓу 5 јули 2012 година и 1 март 2013 година. Дефектните делови на возилата ќе бидат заменети бесплатно.