Diyar Güldoğan
06 Јули 2017•Ажурирај: 07 Јули 2017
АНКАРА (АП) - Четиригодишните преговори меѓу Европската Унија и Јапонија завршија со нов договор за слободна трговија потпишан денес, соопштија од ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Денес се означува почетокот на едно ново поглавје во Стратешкото партнерство меѓу ЕУ и Јапонија, според принципите на Договорот за економско партнерство и Договорот за стратешко партнерство на политичко ниво“, се вели во соопштението на ЕУ.
Претседателот нс Европскиот совет, Доналд Туск, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и јапонскиот премиер Шинзо Абе се сретнаа во Брисел на 24. Самит меѓу ЕУ и Јапонија.
„Договороот за Економско партнерство помеѓу ЕУ и Јапонија ги содржи основите на стратешното партнерство за слободна и отворена трговија“, се додава во соопштението од ЕУ.
Преговорите меѓу Јапонија и Европската Унија траат од март 2013 година.
Според статистиката на ЕУ, речиси 74.000 компании од Европа остваруваат извоз во Јапонија, а над половина милион луѓе во Европа се вработени во јапоонски компании.
Европа извезува стока во Јапонија во вредност од 58 милијарди евра.
Лидерите се очекува да присуствуваат и на самитот на Г-20 во Хамбург, Германија, којшто започнува утре.