свет

Израел им се закани на жителите на Газа дека ќе изврши тешки напади, за да ги принуди да се евакуираат од градот

- „Газа е опасна борбена зона. Останувањето во областа ве става во опасност“, додаде тој, повикувајќи ги жителите да се евакуираат на југ „што е можно побрзо, со возило или пеш“, изјави портпаролот на израелската Армија, Авичај Адрае

Mohammad Sıo  | 16.09.2025 - Обновена : 16.09.2025
Израел им се закани на жителите на Газа дека ќе изврши тешки напади, за да ги принуди да се евакуираат од градот

ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската Армија денес упати закани до жителите на Газа дека ќе започне поинтензивни напади како дел од планот да се окупира градот и принудно да се раселат Палестинците, јавува Анадолу.

„Израелската Армија започна да ја уништува инфраструктурата на Хамас во Газа“, изјави портпаролот на Армијата, Авичај Адрае, во објава на американската компанија за социјални медиуми Х, директно заканувајќи им се на жителите на Газа со тешки напади за да ги принуди да го напуштат градот.

„Газа е опасна борбена зона. Останувањето во областа ве става во опасност“, додаде тој, повикувајќи ги жителите да се евакуираат на југ преку улицата Ал-Рашид „што е можно побрзо, со возило или пеш“, кон одредени области во јужна Газа.

Тој тврди дека повеќе од 40 % од населението на градот веќе се преселило.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.