Ekipa
24 Март 2019•Ажурирај: 25 Март 2019
ГАЗА (АА) - Израелските авиони извршија два воздушни напади во близина на источната граница на Појасот Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелските воени авиони ги извршија нападите во зоната каде што се одржаа демонстрации во рамки на Маршот на големото враќање во источниот дел на градот Рафа.
Палестинското Министерство за здравство во Газа не објави информации околу бројот на жртви или повредени во нападот.
Во соопштението на израелската војска се наведува дека во источниот дел на Рафа биле погодени две точки за набљудување на Хамас.
Во вчерашниот воздушен напад на израелските авиони врз источниот дел на бегалскиот камп „Бурејџ“ во Газа беа повредени тројца Палестинци.
Израелската војска во последниот период врши напади во Газа како одговор против балоните и змејовите за кои се тврди дека се пуштани од Газа и носат запаливи материи.