свет

Израел изврши воздушен напад во Газа

Портпаролот на израелската војска, Авичај Адрае, во соопштението објавено на својот профил на Твитер нагласи дека воените авиони на војската на неговата земја извршиле воздушен напад во северниот и централниот дел на Газа

Ali Semerci  | 17.08.2019 - Обновена : 18.08.2019
Израел изврши воздушен напад во Газа

ГАЗА (АА) - Израелската војска соопшти дека изршила воздушен напад во Газа, при што погодила две позиции на Хамас, пренесува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на израелската војска, Авичај Адрае, во соопштението објавено на својот профил на Твитер нагласи дека воените авиони на војската на неговата земја извршиле воздушен напад во северниот и централниот дел на Газа.

Aдрае истакна дека во рамки на нападот погодени се две позиции на Хамас.

Според него, воздушниот напад е извршен како одговор за ракетата лансирана вчера од Газа во Израел.

Во нападот нема жртви или повредени, додека предизвикана е материјална штета.

Хамас сѐ уште не даде изјава во врска со случајот.

Инаку, во вчерашното соопштение на израелската војска беше наведено дека ракетата лансирана од Газа била неутрализирана од страна на израелскиот воздушен одбранбен систем наречен „Железна купола“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın