Hani eş-Şair,Zeynep Tüfekçi
29 Декември 2018•Ажурирај: 30 Декември 2018
ГАЗА (АА) - Израелската војска изведе воздушен напад на југот од Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на војската, Авикај Адрае, потврди дека израелските воени авиони возвратиле на наводен ракетен напад од Газа врз израелското подрачје.
Според неговите зборови, бомбардирани се позиции на Хамас на југот од Газа.
Во извештајот на палестинските здравствени работници немало човечки жртви, ниту повредени во нападот.
Палестинските групи во Газа сѐ уште не се огласиле во врска со овој настан.
Палестинците од 30 март ги организираат протестите „Голем марш на враќање“, долж границата на Израел со Појасот Газа. Израелските војници одговараат со оган против цивилното палестинско население кое бара враќање на териториите од кои е протерано и укинување на блокадата на Газа, која започна во 2006 година.
Во израелските напади во текот на демонстрациите убиени се повеќе од 200 Палестинци. За време на протестите одржани вчера во Појасот Газа загина еден, а повредени се шест Палестинци. Меѓу повредените има новинар и здравствен работник.