Ekipa
06 Ноември 2023•Ажурирај: 07 Ноември 2023
БЕЈРУТ (АА) – Со израелски артилериски оган денес беа гаѓани либанските погранични градови, јавија либанските медиуми, пренесува Анадолу.
Државната либанска новинска агенција соопшти дека гранатирањата биле насочени кон предградијата Накура и Лабунех во Јужен Либан.
Не се пријавени жртви.
Медиумот соопшти дека израелски извидувачки авиони летале над јужниот град Тир и реката Литани.
Околу еден месец израелско-либанската граница беше место на наизменична размена на оган меѓу израелската војска и либанската група Хезболах, што се најголеми судири по војната во 2006 година.
Пограничните тензии се случуваат во време на израелски воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот Хамас на 7 октомври.
Досега во конфликтот загинаа над 11.300 луѓе, од кои најмалку 9.770 Палестинци и речиси 1.600 Израелци.