Eşref Musa,Burak Karacaoğlu
31 Март 2018•Ажурирај: 01 Април 2018
ИДЛИБ (АА) - Во нови воздушни напади во сирискиот град Идлиб загинаа 14 цивили, потврди директорот на Цивилната заштита во Идлиб (Бели беретки), Мустафа Хај Јусуф, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што тој изјави, нападите се извршени во попладневните часови врз населба во околината на Идлиб. Јусуф нагласи дека се ранети десетици цивили и изрази загриженост дека бројот на загинатите би можел да се зголеми.
Екипите на Цивилната заштита се на терен и работат на барање и спасување на цивилите. Локалните организации тврдат дека нападите ги извршиле руските авиони.
Според податоците на цивилната заштита во последните три недели во Идлиб и Хама загинаа 112 цивили, а 110 се ранети.