АНКАРА (АА) - ЏЕЏИЛЕ ДУРМАЗ / МЕХМЕТ КАРА - Во Руанда, источноафриканската земја во која се случи најголемиот масакр во блиската историја, за 100 дена 800.000 нејзини жители го загубија својот живот, од кои повеќето Туци.
Повеќето од набљудувачите и воениот персонал на Обединетите нации (ОН) ја напуштија земјата, откако започнаа крвавите настани на 6 април 1994 година.
Три недели по започнувањето на активностите за геноцид, ОН овие настани ги нарече како голем масакр, со избегнување на користењето на изразот „геноцид“.
- Од независност кон геноцид
Иако Туците во Руанда која беше колонија на Белгија од 1922 до 1959 година, биле влијателни во државната политика, биле прогонувани. Во Руанда која доби независност на 1 јули 1962 година, другата етничка група, Хутите, кои ги принудија Туците на мигрирање, формираа влада со поддршка на Белгија.

Туците кои биле прогонувани, во периодот од 1963 до 1967 се обидоа да се вратат во Руанда, но обидите беа неуспешни, а тие беа изложени на еден голем масакр. Во овие настани загинаа 20.000 Туци, додека 300.000 беа раселени.
Грегоир Кајибанда, со притисокот на војниците и политичарите, во 1961 година беше избран за прв претседател на Руанда.
Откако беше избран на оваа функција, со цел да ја добие поддршката на Хутите, започна пропаганда против Туците. Оваа состојба предизвика ново насилство и миграциски бран против Туците. Покрај сето она што го направи, Кајибанда беше симнат од таа позиција преку државен удар извршен од војниците-припадници на народот Хуту.
Џувенал Хабјаримана кој дојде на претседателската функција по Кајибанда, се обиде да воспостави добри односи со Западот. Иако тој не применуваше сепаратистички политики, траеше квотата од 10 отсто наменета за Туците во училиштата, универзитетите и во деловниот сектор.
Руандскиот патриотски фронт основан во 1987 година од Туците кои биле во прогон, на 1 октомври 1990 година започна еден напад кој се протега од Уганда кон северната граница на Руанда. 10.000 Туци и припадници на опозицијата беа спречени во главниот град на оваа земја, Кигали, од воените сили на Руанда. Во овој период беше извршен нов масакр врз Туците во подрачјето на Гисејни на границата со Демократска Република Конго.
Трупите на Франција, Белгија и Заире, на 4 ноември 1990 година ја започнаа операцијата „Нороит“ со која влегоа во земјата за спасување на лицата заглавени во регионот.
Во март 1992 година беше основата Коалицијата за одбрана на Републиката. Повеќето членови од оваа Коалиција се членови на милицијата, припадници на екстремно националистичката етничка група Хуту. Потоа, припадниците на милицијата при оваа Коалиција извршија еден нов масакр врз Туците во подрачјето на Бугесер.
И покрај Договорот, постигнат во градот Аруша во Танзанија, потпишан меѓу етничката група Хуту, опозицијата и Руандскиот патриотски фронт во јуни 1992 година, беа извршени бројни масакри врз Туците и опозициските Хути од припадниците на милицијата „İnterahamwe“. Инцидентите траеја од август до декември.
Во 1993 година беше потпишан уште еден нов Договор за споделување на власта, според Договорот на Аруша, за постигнување на мир, како и за спасување на земјата од криза. Советот за безбедност на ОН со Резолуцијата 872, испрати 2.500 припадници на Сините шлемови во рамките на Мисијата на ОН за помош во Руанда (УНАМИР) во регионот за да вршат набљудување. По два месеца, Франција ги повлече нејзините војници во рамките на операцијата „Нороит“, додека регионот му го остави на УНАМИР.
- 100 денови на геноцидот
Во првиот напад што се случи во Кигали против Туците на 6 април 1994 година, биле користени мачети. За неколку часа инцидентите се рашириле во целиот регион.
Руандскиот патриотски фронт на 8 април од Мулунди започна напад врз Кигали.
Лицата од Западот кои биле заглавени во земјата, на 9 април биле спасени со една операција на ОН.
ОН на 21 април бројот на припадниците на Сините шлемови ги намали од 2.500 на 250 кои во регионот останаа за набљудување.
Советот за безбедност на ОН на 30 април побара прекин на огнот од Руандскиот патриотски фронт и вооружените сили на Руанда. Но, ова барање остана само на хартија и во хуманитарната област.
Заклучно со 12 мај, бројот на загинатите достигна до 200.000. ОН иако не сакаа да го користат изразот „геноцид“, во едно соопштение го користеа овој израз: „Делата кои го прекршуваат Меѓународното право за целосното или делумното уништување на една етничка група.“
Советот за безбедност на ОН на 17 мај донесе одлука за ембарго за оружје против Руанда.
Генералниот секретар на ОН на 31 мај соопшти дека цивилните загуби се меѓу 250.000 и 500.000.
Советот за безбедност на ОН на 8 јуни ги осуди настаните кои имаа за цел геноцид и го продолжи периодот на престојување на набљудувачите на УНАМИР.
Франција на 23 јуни ја започна операцијата „Турквуис“, со цел формирање еден безбеден регион за бегалците во југозападниот дел на земјата.
Војската на Руанда, на 4 јули ја презеде контролата врз Кигали и Бутар. Војската на 17 јуни 1994 година ја презеде контролата речиси врз целата земја, и завршија настаните на геноцид. Во настаните кои траеја 3 месеци, загинаа 800.000 припадници на етничката група Туци и на опозицијата од етничката група Хуту.