Fuat Kabakçı
01 Април 2018•Ажурирај: 01 Април 2018
ПЕКИНГ (АА) - Во пожарот што изби во продавница во Пекинг, главниот град на Кина, животот го загубија 4 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста шти ја објави кинеската новинска агенција Синхуа, во подрачјето Каидијан во Пекинг, избувнал пожар во продавница за велосипеди.
Пожарот, кој зафатил површина од 50 квадратни метри, за кусо време бил изгаснат од страна на противпожарните екипи.
Официјалите претставници соопштуваат дека во пожарот животот го загубиле 4 лица, а во тек е истрага за откривање на причините за избивање на пожарот.