Ekipa
01 Април 2018•Ажурирај: 01 Април 2018
РИЈАД (АА) - Саудиска Арабија соопшти дека петмина саудиски војници настрадале на границата со Јемен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Официјалната новинска агенција на Саудиска Арабија (SPA) објави дека петмина војници настрадале на должност во подрачјето на Џазан, на границата со Јемен.
Засега не се знае времето и причината за смртта на петте војници.
Коалициските сили предводени од Саудиска Арабија, од март 2015 година спроведуваат операции против Хусите, кои под контрола имаат неколку области во Јемен.
Хусите често вршат напади врз саудиските градови, вклучувајќи ги и Наџран и Џазан, во близина на границата со Јемен, каде што повремено има и човечки жртви.