Lokman İlhan
01 Април 2018•Ажурирај: 02 Април 2018
БОГОТА (АА) - Мал авион од типот „Cessna 172“ слета на автопат во Колумбија, откако се соочи со ненаден дожд и ветер, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за авион кој леташе од градот Tунха во близина на Богота, по што пилотот по влегувањето во зоната со невреме успеа безбедно да слета со авионот на автопат.
Авионот слета околу 74 километри од воениот аеродром Гуајмарат, аеродром кое беше неговата првобитна дестинација, а за време на слетувањето нема повредени.
На социјалните мрежи се појавија снимки кои покажуваат како полицијата го обезбедува авионот кој по слетувањето беше паркиран пред трговски центар.
Истрагата за случајот ја спроведува Канцеларијата за цивилна воздушна пловидба на Колумбија.
Минатата година се случи сличен случај кога помал авион кај Богота се најде пред налетот на силен ветер и дожд. Тој случај заврши трагично. Авионот удри во планина при што животот го загубија осум лица.