живот

Колумбија: На гробиштата во Баричара стотици спомени исклесани во камен

Гробиштата го привлекуваат вниманието на посетителите со тоа што секој надгробен споменик е различен од другите

Furkan Abdula  | 20.01.2022 - Обновена : 21.01.2022
Колумбија: На гробиштата во Баричара стотици спомени исклесани во камен Фото: Juan David Moreno Gallego/AA

БАРИЧАРА (AA) - Гробиштата во Баричара, Колумбија, кои го носат истото име како и Црквата на безгрешно зачнување во гратчето, ги привлекуваат туристите со вешто изработените надгробни споменици исклесани во камен, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Гробиштата се наоѓаат во градот Баричара, во департманот Сантандер, северна Колумбија.

Гробиштата го привлекуваат вниманието на посетителите со тоа што секој надгробен споменик е различен од другите.

На овие гробишта се наоѓаат стотина гробници.

Надгробните споменици се состојат од резби кои ја отсликуваат професијата на починатите лица, како и карактеристиките на секое починато лице.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın