Lokman İlhan
19 Ноември 2017•Ажурирај: 19 Ноември 2017
БОГОТА (АА) - Во поплавите предизвикани од обилните врнежи од дожд во текот на втората овогодишна сезона на дождови во Колумбија, досега загинаа 14 лица, а три се водат за исчезнати, соопшти Националната унија за управување со кризи (UNGRD), пренесува Anadolu Agency (AA).
Се очекува врнежите што ја погодија целата земја да потраат до средината на декември.
Природните непогоди ги зафатија департманите, вклучувајќи ги Кундимарка, Антиокија, Толима, Цесар, Рисаралда, Квиндио и Каука. Материјална штета е предизвикана на 870 хектари земјоделско земјиште. 50 куќи се целосно уништени, а околу 1.300 од нив се оштетени.
Во соопштението се потсетува дека истиот преиод минатата година врнежите од дожд погодија 237 градови, при што загинаа 51 лице.
Во поплавите и лизгањето на земјиштето во првите шест месеци што се случија во неколку градови во Колумбија, меѓу кои Мокоа и Манизалес, загинаа над 370 луѓе, а стотици беа исчезнати.