свет, живот

Продолжуваат маките на Сиријците поради тешките зимски услови во шаторските населби

Бројни шаторски кампови кои се наоѓаат во Идлиб, на граничната линија со Турција, во кои се засолнети раселени цивили, се поплавени по обилните дождови.

Mehmet Burak Karacaoğlu, Ahmet Karaahmet  | 20.01.2022 - Обновена : 22.01.2022
Продолжуваат маките на Сиријците поради тешките зимски услови во шаторските населби Фото: Muhammed Said/АА

ИДЛИБ (АА) - МЕХМЕТ БУРАК КАРАЦАОГЛУ / АХМЕТ КАРААХМЕТ -

Поројните врнежи од дожд кои го погодија Идлиб во северозападна Сирија, им го отежнаа и онака тешкиот живот на илјадници цивили кои живеат во шатори во регионот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Бројни шаторски кампови кои се наоѓаат во Идлиб, на граничната линија со Турција, во кои се засолнети раселени цивили, се поплавени по обилните дождови.

Поголемиот дел од предметите на стотици семејства претежно составени од жени и деца, се во неупотреблива состојба поради врнежите.

Тие ноќта ја поминаа под дожд или кај нивните блиски кои живеат во други кампови.

Мухамед Халаж, директор на сириската Канцеларија за координација на итна интервенција, во изјава за АА истакна дека поројните дождови во руралните подрачја на Идлиб и Алепо погодиле илјадници лица во 79 шаторски кампови.

Тој нагласи дека бројни шатори во камповите во северниот дел на земјата се погодени од снегот.

Али Саид, кој бил присилно иселен по нападот на Асадовиот режим во селото Шахишбо во руралното подрачје на Хама, истакна дека шаторите се поплавени поради поројните дождови, и е засолнет во кампот „Шахишбо“ во Идлиб.

„Поплавени се шаторите на 175 семејства. Во нашиот камп нема никакви услуги. Тешко ја поминавме ноќта“, додаде тој, додавајќи дека нема инфраструктура во кампот во кој живее.

„Голем број семејства се засолнија во други кампови во кои живеат нивни блиски“, рече Саид, нагласувајќи дека семејствата во кампот имаат потреба од каква било помош.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.