Ahmet Furkan Mercan
30 Декември 2020•Ажурирај: 30 Декември 2020
ТОКИО (АА) - Земјотрес со јачина од 5,1 степен ја погоди јапонската префектура Ибареки, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Агенцијата за метеорологија на Јапонија.
Во соопштението се вели дека земјторесот се случил во 09:35 часот по локално време во Ибареки, североисточно од јапонскиот главен град, Токио.
Се истакнува дека земјотресот со јачина од 5,1 степен се случил на длабочина од 60 километри.
Според соопштеното, земјотресот бил почувствуван и во префектурите Чиба, Точиги, Гунма и Саитама.
По земјотресот не е дадено предупредување за цунами.