Ayhan Şimşek
30 Декември 2020•Ажурирај: 30 Декември 2020
БЕРЛИН (АА) - Германија денеска објави дека во изминатото деноноќие низ земјата се регистирани 1.129 смртни случаи од коронавирусот, што е највисок број на дневно ниво од почетокот на пандемијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Земјата исто така регистрира 22.459 новозаразени во текот на изминатите 24 часа, што е повеќе од претходниот ден, кога беа евидентирани 12.892“, соопшти Агенцијата за контрола на болести во земјата.
Институтот „Роберт Кох“ предупреди за високото ниво на пренос на вирусот, но додаде дека најновите податоци треба да се толкуваат со претпазливост затоа што информирањето доцни поради божиќниот период.
Карантинот во земјата, кој започна на 16 декември, помогна да се спречи експоненцијален раст на нови случаи, но просекот за седум дена остана со над 18.000 случаи на ден.
Институтот забележува дека е зголемен бројот на заразени кај постарите лица во последните неколку недели што довело до пораст на бројот на тешки случаи и смртни случаи.
Од сите смртни случаи, според Институтот, 27.305 (88 %) биле луѓе на возраст од 70 години или повеќе, со просечна возраст од 84 години.
Германија има петто највисоко ниво на заразени со коронавирусот во Европа, по Франција, Велика Британија, Италија и Шпанија.
Бројот на заразени од почетокот на епидемијата во земјата е над 1,68 милиони, додека регистрирани се најмалку 32.107 смртни случаи поврзани со вирусот.