Atila Altuntaş
30 Декември 2020•Ажурирај: 30 Декември 2020
СТОКХОЛМ (АА) - Заканувачко писмо со бела прашкаста супстанца е испратено до џамија во Упсала, Шведска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за државната телевизија „СВТ“, портпаролот на џамијата, Шади Каскен, рече дека писмото содржи заканувачка порака заедно со бел прав.
„Не ја допревме белата прашина. Директно ја известивме полицијата. Во заканувачката порака беше напишано ‘Не ве сакаме овде‘. Верниците кои доаѓаат во џамијата многу се исплашија од оваа порака. Не се среќаваме за првпат со ваков настан. Нашата џамија, исто така, и претходно добиваше закани“, рече Каскен.
Во изјавата дадена од полицијата во Упсала се наведува дека белиот прав испратен со писмото е безопасен и дека е покрената истрага за злосторства од омраза и закана.