Murat Temizer
20 Март 2017•Ажурирај: 21 Март 2017
АНКАРА (АА) - Шведската министерка за надворешни работи, Маргот Волстром денес истакна дека Шведска и понатаму ја осудува руската агресија и го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина според меѓународното право, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на веб-страницата на шведското Министерство за надворешни работи, Волстром истакна дека ова е трета година од анексијата на Крим од страна на Русија.
„Длабоко сме загрижени за влошувањето на условите за живот на кримските Татари и кршењето на човековите права во регионот“, рече Волстром, и додаде: „Ние стоиме зад политиката на EУ и ги повикуваме сите членки на ОН да спроведат слична политика во однос на територијалниот интегритет на Украина“.
Од март 2014, Украина е зафатена со конфликт проследен со анексијата на Крим од страна на Русија, по нелегалното гласање за независност. Тоа уследи по насилните антивладини протести коишто доведоа до соборување на тогашниот претседател Виктор Јанукович.
Генералното собрание на ОН гласаше за прогласување на руската анексија на Крим за нелегална. Многу земји од ОН, САД, ЕУ и Турција, исто така, не го признаваат Крим како руска територија.