Bilgin S. Şaşmaz
20 Март 2017•Ажурирај: 21 Март 2017
ЧИКАГО (АА) - Школата за сирени, односно курсевите за пливање со помош на перка се сè попопуларна форма на забава за девојките, но и за мажите од сите возрасти во САД и во Канада, јавува Anadolu Agency (AA).
Училиштето „Аквамермејд“ во САД и во Канада отвори курсеви каде што девојките го остваруваат својот сон да станат сирени.
Покрај тоа што учат да пливаат и да нуркаат со помош на перки, учесниците на курсевите ги совладуваат и манирите на елеганцијата и сѐ што е поврзано со легендата за сирените.
Специјалниот костим за сирени чини помеѓу 100 и 5.000 долари, а едно од најпопуларните училишта за сирени работи во Чикаго.
„Во САД и во Канада има осум училишта за сирени. Тоа е исклучително тешко, но забавно пливање. Од јули минатата година ја завршивме обуката на повеќе од 300 сирени“, рече основачот на училиштето во Чикаго, Нора Kaитис.
Хозе Лопез за АА рече дека и мажите уживат во дружењето и учат да пливаат со перка.
„Ова е уникатно искуство, спорт и забава. Тешко е да се плива со споени нозе, но забавата е загарантирана“, изјави Лопез.
Стјуардесата Бланка Рохас изјави дека за училиштето за сирени дознала преку интернет и со нејзините пријатели одлучила да го испроба тоа искуство.
„Се вљубивме во овој спорт. Навистина е забавно и ќе продолжиме со курсевите со цел да се одржиме во витална форма“, рече Рохас.
Професионалните пливачи-сирена заработуваат прилично добра сума на пари за настапи во луксузни хотели или на приватни забави.