Eshat Fırat
20 Март 2017•Ажурирај: 21 Март 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Воениот суд во Израел му изрече затворска казна во траење од 396 години на Палестинец кој се товари дека во 2015 година убил двајца еврејски доселеници и еден американски турист на Западниот Брег, кој е под израелска окупација, пренесува Anadolu Agency (АА).
Израелскиот весник „Једиот Ахронот“ јавува дека воениот суд во Офра изрекол пресуда во судскиот процес против Мохамед Ал Хуруб, кој е товари за тројно убиство во местото Алон Швун.
Истиот извор јавува дека на Ал Хуруб му е изречена четирикратна доживотна казна затвор, секоја во траење од 99 години.
Осудениот, како што е наведено во пресудата, ќе им плати и отштета на семејствата на убиените во износ од 750.000 израелски шекели (200.000 ам. дол.).
Израелската војска во јануари оваа година објави извештај во кој се наведува дека од октомври 2015 година до крајот на минатата година се уапсени 3.369 Палестинци, осомничени за напади врз еврејските доселеници.