Ekipa
31 Јануари 2018•Ажурирај: 01 Февруари 2018
ИСЛАМАБАД (АА) - Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер ги погоди Авганистан и Пакистан, и се почуствува во главните градови на двете земји, соопшти Американскиот геолошки завод, пренесува Anadolu Agency (AA).
Земјотресот е регистриран во североисточниот дел на Авганистан, во близина на границата со Пакистан, на длабочина од 191,2 километри.
Потресот се почуствувал во Кабул, авганистанската престолнина и во Исламабад, главниот град на Пакистан, но и другите делови на тие земји.
Засега нема информации за материјална штета и човечки жртви.